Живот

Нова дрога во регионот, стопати појака од марихуаната

Во Србија се појави нова дрога, психоактивна супстанца која е стопати посилна од марихуаната, објави РТС.

Ефектите на синтетските канабиноиди се слични на марихуаната, но имаат стопати посилно дејство и се забележуваат десет минути по конзумирањето. Се изразува преку црвенило на очите и конјуктивит, забрзан пулс, сува уста, промена на расположението и перцепцијата.

Последиците се чувствуваат и наредните денови, а ефектот во континуитет трае шест часа.

Користењето на тие супстанци во светот е поврзано со зголемен број смртни случаи, но и самоубиства.

Јелена Јанковиќ од Комисијата за борба против дрога на Министерството за здравство вели дека се работи на ставање на оваа нова супстанца на листата на психоактивни супстанци.

– Има голем ризик од срцев удар, откажување на бубрезите, проблеми со дишење. Не знаеме точно под кое име се продава на улиците, бидејќи има преку 600 термини. Најчесто се среќава под името „јагода“ и „блади мери“. Важно е да се знае дека конзумирањето може да предизвика опасни последици по здравјето, истакна Јанковиќ.

Во Србија старосната граница за користење дрога е се пониска, поради тоа што Министерството за здравство предложи заострување на казнената политика за оние кои продаваат дрога на малолетници.

Поврзани вести

Back to top button