Нова дрога поевтина од сендвич – Дрогиран маж, бил фатен како се обидува да „силува“ дрво
Нова дрога која чини помалку од просечен сендвич се шири во Европа. Се вика „флака“, а ја викаат и канибалска дрога. По потекло е од Кина.
Луѓето кои ја земаат мирисаат на урина од мачки, но тоа не е најголемиот проблем. Една жена која ја конзумирала дрогата ѝ ги ископала очите на нејзината мајка, а друг зависник на бездомник му го изгризал лицето. Трет маж пак, бил фатен како се обидува да „силува“ дрво.
„Флака“ е популарна во Велика Британија, каде што една доза чини околу 3 евра.
– Бандите се обидуваат да ја популаризираат таа дрога и засега тоа им успева, бидејќи бројот на корисници расте, изјави Сан Абас Канани, британски експерт за наркотици.
Дрогата изгледа како сол за капење, а може да се јаде, шмрка или да се зема интравенозно, со инекција. Дрогата предизвикува еуфорија и ја подигнува самодовербата како кокаин, но разликата е во тоа што „флака“ дополнително доведува и до тешка параноја и губење на чувството за реалност.
Поради конзумирање на „флака“ во изминативе три години во САД уапсен е британски турст кој трчал гол и се однесувал агресивно, а дрогиран американски затвореник минатата година снимал видео во кој му ја гризе главата на жив глушец.
Еден од последните шокантни случаи се случи на Флорида, една жена, предозирана со „флака“, ја уби мајка си ископувај ѝ ги очите, кои подоцна ги ставила на врв на една картонска кутија. Ја пронашле облиена во крв и викала дека ја убила мајка ѝ.
На полицијата ѝ признала дека користела марихуана, за која верува дека била испрскана со „флака“.
Американските експерти предупредуваат дека „флака“ по популарноста се приближила до крекот и кокаинот. Сите стравуваат дека поради лесната достапност и ниските цени, таа брзо ќе се шири и низ целиот свет.