НЛО излезе од морето, го регистрирале руски и американски радари?
Во новиот извештај на руското Министерство за одбрана се наведува дека ескадрила на борбените авиони Eurofighter Typhoon предизвикала паника во северна Англија
Според извештајот, неколку сателити и радари, вклучувајќи ги руските, британските и американските, го детектирале овој мистериозен објект кога тој излегувал од морето на брегот на северна Англија поради што ескадрилата на Eurofighter Typhoon авионот започнала со интервенција.
Локалните жители на Јорк, Лидс и Донкастер кои го виделе ова неверојатно случување започнале да паничат мислејќи дека започнува трета светска војна, бидејќи слушнале и силни експлозии на небото и виделе воени авиони како летаат.
Само 15 минути по настанот британската влада издала предупредување ниту еден медиум да не известува за она што се случило, а 7 часа подоцна било објавено дека француски патнички авион предизвикал проблем со радиокомуникацијата.