Никола Тесла: Нашата доблест и нашите неуспеси се недвоиви, како силата и материјата кога ќе се одвојат, повеќе го нема човекот
Никола Тесла е еден од најголемите светски научници и пронаоѓачи. Тој работел и се борел, затоа што верувал дека неговите изуми ќе го променат човештвото – и бил во право!
Вежбал самоконтрола за да ги одржува млади своето тело и ум, во надеж дека работата и заслугите ќе говорат за него во иднината. Неговата љубопитност го водела во различни области на науката. Бил интелигентен и духовит и поради тоа пријателите го ценеле и сакале, но бирајќи помеѓу општествениот живот и работата секогаш ја одбирал работата.
-Нашата доблест и нашите неуспеси се недвоиви, како силата и материјата. Кога ќе се одвојат, повеќе го нема човекот.
-Човек мора да вежба умереност и надзор на своите сетила за да се одржи себеси во младо тело и ум. Воздржувањето не ми е секогаш по вкус, но моите искуства се голема награда.
-Човекот е роден да работи, да трпи и да се бори. Кој не прави така, мора да пропадне.
-Учев многу јазици, проучував литература и уметност, најубавите години ги поминав во библиотеки читајќи се што ќе ми дојдеше при рака и почувствував дека го трошам времето, но набрзо сфатив дека тоа е најдоброто нешто што некогш сум го сторил.
-Незнаењето го забавува напредокот начовекот, она што Буда го нарекува „најголемо зло во светот“.
-Најважниот продукт е изумот. Неговата крајна цел е владеење со умот на природата и искористување на нејзината сила за потребите на човештвото.
-Ако се обидам да го продолжат прекинатиот тек на мисли, чувствувам вистинска духовна мачнина. Тогаш преминувам на друга работа, изненаден од свежината на умот и леснотијата со која ги совладувам препреките, кои ми ги расипуваа сметките. И редовно наоѓам одговори на тешките прашања со најмал напор.
-Ако не знаете како, набљудувајте ги појавите на природата, таа ќе ви даде јасни одговори и инспирација.