Никој не знае што е ова: НАСА сними мистериозни кратери во мразот, експертите збунети!
Мистериозни кратери во ледот целосно го зачудиле научникот од мисијата на НАСА, Џон Сонтаг кој ги снимил на 14 април, додека летал преку источното Бофорово море.
Додека експерите се согласуваат дека ледот на фотографијата е тенок, со оглед на сивата боја и малото количество снег, мистерија е што всушност ги направило дупките во мразот.
“Никогаш порано не сум видел вакво нешто”, рекол еден од научниците кои ги проучува мразот и глечерите, Нејтан Курц.
Овие чудни дупки би можеле да бидат поврзани со брзото загревање на арктичкиот регион, кој за време на поголемиот дел од зимата доживеа невообичаено топење.
“Морскиотмраз е сега многу помобилен и има повеќе отворени области кои можат одново да се замрзнат”, рекол Валт Мејер, научник во Националниот центар за податоци за снег и мраз.
Тие мислат дека малку е веројатно тоа да е резултат на метеори, затоа што дупките се многу блиску.
Најверојатното објаснување се фоките, бидејќи е познато дека тие прават дупки во ледот за да дишат, а понекогаш ги користат и за одмор.