Неверојатна приказна од Клиниката за гинекологија и акушерство, бебе се роди со 520 грама, по 131 ден си оди дома здраво (ФОТО)

По 131 ден поминат на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малото бебе Дуа си замина дома. Таа дома си заминува како здраво бебе со тежина од 1890 грама.

-На 12 март таа се роди во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1890 грама. Дуа како вистинска мала дама си замина во фустан од нашата клиника и си отиде со мама и тато во Кичево, кои се пресреќни што конечно нивното прво бебе ќе си го гушкаат во својот дом, велат од ГАК.

Од Клиниката додаваат дека малата Дуа, една од нивните најголеми борци, овие 4 месеци и 11 дена секојдневно ја добивала медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, кои посветено се бореа заедно со неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест