Свет

Неправда: Силувал и убил детенце а ќе живее во затвор како цар

После смртта на Тијана сакав тоа да биде последен таков случај, а убиството на тригодишното дете од Заечар, потполно ме порази, шокиран сум од направеното ѕверство и ова е уште една потврда дека монструмите се меѓу нас, живеат со нас, ни доаѓаат дома, играат со нашите деца.

Ова е изјавата на таткото на ѕверски убиената Тијана Јуриќ, за новиот настан кој ја потресе јавноста, силувањето и смртта на тригодишното ангелче Ангелина.

– Ова што се случи е пораз на целото општество, а како татко на настраданото дете, дополнително сум погоден. Убиецот на моето дете денеска во затвор живее подобро од половина жители во нашата земја, имаат клима, сала за вежбање, ТВ и сето тоа им е платено. Така се служи казната за одземање живот на дете. Тоа не само што е болно за членовите на семејството на жртвата, туку е срамно и комн жртвите. Сочувствувам со семејството на настраданото девојче, рекол Јуриќ низ болка.

За потсетување, неговата ќерка Тијана беше убиена и мачена во 2014 година. Неа ја силуваше, задави, претепа и закопа месарот Драган Ѓуруќ.

Поврзани вести

Back to top button