(ВИДЕО) Неколку илјади деца низ повеќе градови во Македонија и во дијаспората ја носеа Божикната ѕвезда и ја пееја Вечниот Бог

Неколку илјади деца ја формираа денеска Бадниковата поворка низ повеќе градови во Македонија, носејќи ја Божиќната ѕвезда и пеејќи ја „Вечниот Бог“. Оваа манифестација се одржува во повеќе од 80 градови и населени места низ државава, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и САД.
Точно на пладне, во 12:00 часот, оформената бадникова поворка пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, тргна од Музејот на Град Скопје и движејќи се по улица „Македонија“, пристигна на плоштадот „Македонија“, пред сцената поставена кај Божиќната пештера.
На сцената, како круна на целокупната манифестација, е изведена „Божиќна авантура“ – голема музичко-сценска изведба во живо, во која учествуваа повеќе од 40 музичари, актери, пејачи и „Златно славејче“.
Со бадникова поворка и традиционалната бадникова манифестацијата „Коледе леде“, што се одржа на градскиот плоштад, во Крива Паланка денес беше прославен големиот христијански празник Бадник,
Една од организаторите на Бадниковите поворки Марија Саздева, истакна дека оваа музичко-сценска изведба е поинаква од другите и претставува кулминација на целата манифестација.
Мјузиклот е реализиран под уметничко раководство на Владо Дојчиноски, со драматургија на Билјана Крајчевска, и преку музика и сценска приказна ја пренесува пораката за Рождеството Христово.
-Целата таа еуфорија, светлина и збир на емоции во еден момент ќе застане на едно место и со 40 луѓе на сцената, актери, музичари, хорот „Златно славејче“ ќе направат сето тоа што сме го акумулирале низ сетилата да го интегрираме како трајно чувство што ќе остане до следната година, рече Саздева.
Над 500 деца на возраст од 3 до 18 години годинава учествуваа на Бадниковата поворка што ја организира Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“ од Кочани.
Таа посочи дека оваа Божиќна авантура е еден динамично-сценски перформанс наменет првично на децата да им се приближи божиќниот настан низ една фантазија. Вели дека на младите генерации мора автентично да им се доближи божиќниот настан, на начин на којшто ќе можат да го разберат и за да самите да стигнат до некои клучни пораки коишто и возрасните многупати ги забораваат.
Пораката од оваа манифестација, велат организаторите, е да останеме на страната на светлината.
-Тешко е да се остане на оваа страна во ова време на преплавеност од информации, од секакви традиции што ни се наметнуваат од странство, и нашата дијаспора многу свесно влегува во оваа приказна, дијаспората во неколку држави во САД, потоа во Франција, Австрија, Словенија, Италија, масовно се организирани со повеќе радови да се вклучат во бадниковите поворки . Тоа заедништво, таа припадност, да не заборавиме кои сме, и да го чуваме ова што ни е свето со дела, вели Саздева.
Централната Бадникова поворка во Скопје обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните градоначалници, кои заедно со општинските тимови во претпладневните часови ги пречекаа и даруваат коледарчињата во своите општини. Потоа, со организиран превоз, децата и нивните семејства се упатија кон централната манифестација.
Веќе 16-та година по ред, Бадниковите поворки претставуваат симбол на светлина, заедништво и достоинствено празнување на Бадник во земјава и пошироко.
ФОТО: Бадникови поворки



