ЖивотИзбор на уредникот

Не му исплатиле пари за работа, па одлучил да го демолира хотелот (ВИДЕО)

Бидејќи од хотелот не му платиле за неговата работа, Менли побеснел и направил штета од вкупно 504.000 евра.

На социјалните медиуми кружи снимка од работник од Ливерпул, кој одлучил да им се одмазди на лицата кои го ангажирале да заврши работа, но не му платиле.

Имено, самиот инцидент се случил во 2019-та година, но снимката сеедно во рок од само неколку дена собрала повеќе милиони прегледи.

Работникот кој одлучил да урне сè што изградил за спорниот хотел е Џон Менли, и тоа поради неисплатени 680 евра.

Бидејќи од хотелот не му платиле за неговата работа, Менли побеснел и направил штета од вкупно 504.000 евра.

Поради изливот на бес судијата Дејвид Аубри му одредил затворска казна во траење од пет години и четири месеци, а како отежнувачка околност му било припишано тоа дека во тој момент во хотелот имало луѓе кои можел да ги повреди.

 

 

Поврзани вести

Back to top button