ЖивотТоп

Научно докажано: Работењето со земја ги прави луѓето посреќни

Природните лекови постојат со векови и можете да најдете природен лек за речиси секоја телесна, ментална и емоционална болест. Древните исцелители можеби не знаеле зошто нешто делува, но многу добро знаеле дека е ефективно.

Современите научници ја откриле причината за делувањето на многу супстанци, но дури неодамна се откриени некои лекови кои всушност се дел од природниот животен циклус. Микробите во почвата и човечкото здравје имаат позитивна поврзаност која сега е и научно докажана.

„Mycobacterium vaccae“ е бактерија која се наоѓа во земјата што ја голтаат и вдишуваат луѓето додека се во природа. Се открило дека оваа бактерија има влијание врз невроните, слично како и лековите против депресија. Оваа бактерија го поттикнува лачењето на серотонин, ги подобрува когнитивните функции и има влијание дури и на артритисот.

Биле направени истражувања со пациенти заболени од рак кои изјавиле дека им се подобрил квалитетот на животот и чувствувале помалку стрес. Недостатокот од серотонин е поврзан со депресија, тешкотии, опсесивно компулсивно нарушување и биполарно нарушување. Изгледа дека бактеријата во почвата е како природен антидепресив и нема штетно влијание врз здравјето. Овие антидепресивни микроби можете да ги внесете и само со „играње“ со земја. Присутноста на микробите нема да ги изненади луѓето кои и самите го доживеале овој феномен.

Микробите го зголемуваат нивото на цитокин во телото, што резултира со производство на повеќе серотонин. Луѓето кои работат со земја доаѓаат во контакт со нив преку крвотокот доколку имаат рана, или ги вдишуваат. Природното влијание на бактериите може да се почувствува и 3 дена подоцна. Па, уште денес излезете и играјте си со земја и подобрете го вашето расположение.

Поврзани вести

Back to top button