Живот

Научниците се прилично загрижени: Над Арктикот се отвора најголемата озонска дупка која што некогаш е забележана

Необично длабока дупка во заштитниот озонски слој би можела да се отвори над Арктикот на пролет, пренесува британски “The Independent”.

Научниците веруваат дека загадувачите на атмосферата и ладниот воздух ја создаваат рекордно големата дупка. Моментално владее голема загриженост поради можното влијание на дополнителното ултравиолетово зрачење врз луѓето и целиот екосистем под таа дупка.

Маркус Рекс од институтот Алфред Вегенер во Потсдам изјави дека идната седмица околу 25% од арктичкиот озон би можел да биде уништен. Додаде дека многу работи укажуваат на тоа дека дупката оваа година ќе биде поголема од досега најголемата која што беше забележана пролетта 2011-та година.

Освен проблемите кон жителите кои што живеат под тоа небо, озонската дупка би можела да има негативен ефект на океанскиот фитопланктон што цвета на Арктикот во текот на пролетта. Фитопланктонот е еден од најважните делови од океанскиот екосистем, но и на целата планета Земја.

Имено, фитопланктонот произведува повеќе од половина од светскиот кислород, а според некои проценки произведува и до 85% од светските залихи на кислород.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button