МистерииТоп

Научниците се чекор поблиску до откривање на живот надвор од Земјата, откриен повторлив радиосигнал од планета

Научниците се чекор поблиску до откривање на живот надвор од Земјата, откако открија повторлив радиосигнал од егзопланета оддалечена 12 светлосни години.

Научниците од Бакнел и Универзитетот во Колорадо открија повторлив радиосигнал кој доаѓа од планета во блискиот Сончев Sистем, оддалечена „само“ 12 светлосни години. Ова откритие имплицира дека оваа егзопланета со големина на Земјата може да има магнетно поле околу неа.

Исто како и на Земјата, присуството на магнетно поле е од суштинско значење за способноста на планетата да поддржува живот. Потврдувањето на постоењето на магнетно поле околу новооткриената планета може да го унапреди истражувањето на универзумот во потрага по планети погодни за живот и вонземски живот.

Зошто присуството на магнетно поле е неопходно за живот?

Нашата планета е опкружена со магнетно поле кое не штити од штетното зрачење кое доаѓа од Сонцето, што е многу важно бидејќи помага во одржувањето на атмосферата, односно воздухот што го дишеме. Научниците веруваат дека доколку постојат други форми на живот, веројатно ќе им требаат магнетни полиња за да преживеат, а овие полиња треба да бидат доволно силни, како оние на Земјата.

Научниците ги проучувале големите планети, како што е Јупитер, и како нивните магнетни полиња комуницираат со ѕвездите кои орбитираат околу нив. Овој процес се нарекува магнетна интеракција помеѓу планетата и ѕвездата. Сепак, не е лесно да се детектираат магнетните полиња на помалите, карпести планети, бидејќи тие не испуштаат доволно силни сигнали како гасните џинови.

Магнетното поле околу егзопланетата YZ Ceti b

По долгогодишно пребарување, Себастијан Пинеда и Жаклин Виладсен претставија нови докази за повторливи радио сигнали поврзани со YZ Ceti b, егзопланета со големина на Земјата, оддалечена 12 светлосни години.

Иако YZ Ceti b е премногу блиску до својата ѕвезда за да поддржува живот, научниците, во студија објавена во списанието Nature Astronomy, велат дека неговата орбита од само два дена го прави одлична тема за проучување на магнетните полиња.

Пинеда не го криеше задоволството од откритието: „Беше многу возбудливо да се види дека сетовите на радиоподатоци покажуваат ваков отпечаток. Го видовме првичното детектирање на сигналот и веднаш почнавме да ги координираме набљудувањата за дополнително следење врз основа на периодичноста на планета, затоа што баравме нешто што постојано се случува во орбитата на планетата“.

Научниците веруваат дека на егзопланетата се случува истиот феномен како на Земјата – поларните светлина, но велат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди тоа.

Поврзани вести

Back to top button