ЖивотЗдравјеТоп

Научниците предупредуваат: Немојте да пиете повеќе од еден засладен пијалок неделно

Луѓето не треба да пијат повеќе од еден пијалок засладен со шеќер неделно, велат научниците откако новото истражување го поврза високото ниво на консумирање шеќер со широк спектар на здравствени состојби. За секој дополнителен засладен пијалок неделно, луѓето можат да ги зголемат своите шанси за развој на голем број болести, велат авторите на истражувањето.

Тие додаваат дека високата потрошувачка на шеќер е генерално повеќе штетна отколку корисна за здравјето. Тие повикаа на повеќе истражувања за врските помеѓу високата потрошувачка на шеќер и ракот, откако студијата укажа на поврзаноста меѓу двете.

Научници од Кина и САД го анализираа влијанието на внесот на шеќер врз здравјето, проучувајќи ги постојните здружени истражувања, вкупно 73 од нив, покривајќи 8.601 студија. Прегледот на наодите, објавен во списанието „BMJ“, сугерира дека поголемото внесување шеќер е поврзано со 45 здравствени проблеми.

Авторите откриле значајни штетни асоцијации меѓу консумирањето шеќер во исхраната и дијабетес, гихт, дебелина, висок крвен притисок, срцев удар, мозочен удар, астма, расипување на забите, депресија, прерана смрт и некои видови на рак вклучувајќи рак на дојка, простата и панкреас.

Поврзани вести

Back to top button