Научниците открија кој пијалак го преполовува ризикот од рак
Консумирирањето кафе може да двојно да го намали ризикот од развој на карцином на црниот дроб, откриле научниците од Универзитетот Квинс во Белфаст, пишува MedicalXpress.
Групата научници повеќе од седум години вршела истражување со кое биле опфатени речиси 472.000 луѓе. Повеќе од 75 отсто од учесниците во истражувањето редовно консумирале кафе.
Во текот на набљудувањата, кај повеќе од 3.500 волонтери биле откриени малигни тумори. Во 88 случаи, се покажало дека станува хепатоцелуларен карцином – најчестиот примарен карцином на црниот дроб. Резултатите од студијата покажале дека љубителите на кафе, варено или инстант, имаат за 50 отсто помал ризик од развој на овој вид рак во споредба со другите пациенти.
Како што истакнуваат научниците, волонтерите кои пиеле кафе почесто пушеле од другите испитаници, консумирале алкохол, имале висок холестерол, но тоа не го зголемувал ризикот од заболување од карцином. Покрај тоа, оваа група немала предиспозиција за развој на болести како што се дијабетес, цироза на црниот дроб, камења во жолчката и чиреви во желудникот.
Според истражувачите, позитивниот ефект од кафето врз организмот се должи на високото ниво на антиоксиданси и кофеин. Притоа, потсетуваат дека здравиот начин на живот првенствено помага во спречување на појавата на малигни тумори.
„Пиењето кафе не штити од карцином на црниот дроб, исто како откажувањето на пушењето, намалувањето на консумирањето алкохол или намалувањето на телесната тежина“, вели Ким Ту Тран, еден од авторите на студијата.