Избор на уредникотСвет

Десницата ја прослави „Голема католичка Полска“, го запали знамето на ЕУ (ВИДЕО)

За време на маршот во организација на полската екстремна десница, со славењето на „Голема католичка Полска“ и паролите против Европската Унија, нејзиното сино знаме со ѕвезди и оваа година беше демонстративно запалено.

„Целиот наш народ, целата наша историја е врзана за католицизмот. Мора да се вратиме на корените бидејќи овој свет се одалечи од Бога, од католицизмот. Ако не ги вратиме вредности кои ги создава нашиот народ, ќе пропаднеме како западот на Европа“, порача еден од организаторите, Роберт Банкјевич.

Тој укажа дека „денешните елити спроведуваат културен марксизам, ги освојуваат училиштата, ги загадуваат мислите на нашите деца. Не пуштаат ни глас кога Евреите сакаат да ја ограбат нашата татковина“.

На крајот на маршот, пред Народниот стадион каде како завршница се одржува патриотски концерт, учесниците ги дочека камион со транпарент „Не на еврејските барања“.

Учесниците на маршот потпишуваа петиција за донесување закон со кој во Полска би се одбил американскиот закон за реституција на еврејскиот имот кој го ограбиле германските нацисти во Втората светска војна, а комунистичка Полска тој имот потоа го национализираше.

Заштитата на Полјаците од исплата на отштета за еврејскиот имот како приоритет го поставија партиите од екстремната десница.

Силни полициски сили го пробиваа патот денес за поворката на „Маршот на независноста“ во која, според организаторите, имало „150.000 полски патриоти“, додека според податоците на градските власти на Варшава имало 47.000 луѓе.

Групите активисти на антифашистичките организации кои се обидоа да го сопрат маршо полицијата ги отстрани од улицата, а транспарентите им ги заплени.

Истовремено по друга траса во центарот на Варшава мина антифашистичкиот марш на левицата под паролата „За ваша и наша слобода“ во која имало 12.000 граѓани под транспарентот „Национализмот не е париотизам“, во знак на противење на расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и оживувањето на неофашистичките групи.

Во Варшава „Маршот на независноста“ според оценките во медиумите бил еден од најмирните, без поголеми инциденти како претходните години, благодарение на вонредно силните мерки на полицијата.

Поврзани вести

Back to top button