Избор на уредникотСвет

„НАТО се распаѓа и тоа го чекам со раширени раце“

Германскиот парламентарец Александер Ној се согласи со изјавата на претседателот Макрон за кризата на НАТО, додавајќи дека распаѓањето на тој пакт за него е добредојден.

„САД, заедно со Турција, му копаат гроб на НАТО, поради тоа што го експлоатираат исклучиво во своја корист“, изјави претседателот на Левата партија Александер Ној.

„До неодамна Америка тежнееше исклучиво кон остварување на нивните интереси, вклучително она што го правеа преку НАТО, а веќе неколку години сме сведоци дека Турција го користи тој тренд. НАТО се распаѓа и тоа го дочекувам со ширум раширени раце“, додаде Ној.

Тој тоа го изјави речиси една недела откако претседателот на Франција Емануел Макрон прогласи мозочна смрт на НАТО, алудирајќи на непредвидливоста и неможноста да се потпре на САД додека претседател е Доналд Трамп, наведува Спутњик интернешенел.

Меѓутоа, изјавата на Макрон наиде на критика кај германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, кои го критикуваа претседателот на Франција поради употребувањето на драстични зборови. Воедно истакнаа дека НАТО треба да остане главен столб на германската безбедност.

И покрај тоа, изјавата на францускиот претседател повторно го покрена бранот започнат минатата година кога Макрон и Меркел го истакнаа значењето за постоење на европска војска независна од САД и НАТО, со цел да биде способна да се брани самата.

Поврзани вести

Back to top button