Направиле сообраќајка, па го нападнале и му се заканувале
Објавено:
петок, 15 септември 2023 во 10:29
Скопјанец пријавил дека бил нападнат од двајца Арачиновци откако претходно имал сообраќајна незгода. Тие му се заканиле со тврди предмети.
– На 13.09.2023 во 16:00 часот во СВР Скопје, К.А.(47) од Скопје пријавил дека околу 13:00 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од М.А.(56) од с.Арачиново, кој бил со Н.А., по што му се заканиле со тврди предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.