Напаѓачот од црквата ги повикува муслиманите да ја уништат Франција

Објавено: петок, 29 јули 2016 во 09:07
Spread the love

Агенцијата на Исламска држава Амак вчера објави видео на кое еден од напаѓачите на црквата во северна Франција ги повикува сите муслимани да ја уништат оваа земја, јави Танјуг.

На снимката, која претходно е снимена Абдел Малик Набир Питжан, кој е идентификуван како еден од двајцата мажи, кои го убија свештеникот пред да бидат убиени од полицијата, им се обраќа директно на францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс.

– Времињата се променија. Ќе страдате на ист начин, на кој страдаат нашите браќа и сестри. Ние ќе ја уништиме вашата земја, вели на снимката, човекот за кого агенцијата Амак тврди дека е Питжан.

– Браќа излезете со нож, што и да е потребно, нападнете ги, убивајте ги масовно, ги повикува тој муслиманите да ги напаѓаат сојузниците на силите на меѓународната коалиција, која во Сирија се бори против ИД.