Живот

Најзгодната српска пејачка ќе се мажи

Познатата пејачка Рада Манојловиќ блика од среќа! Таа не крие дека е исполнета на емотивен план, а наскоро планира да стапне и на „лудиот камен“.

„Мислам дека венчавката е убава работа и мислам дека е убаво некого да обврзеш на нешто“, ја почнува Рада приказната за својот љубовен живот, не симнувајќи ја насмевката од лицето.

„Зар има нешто поубаво од тоа некој јавно, пред сите, да каже: ’Да, таа е моја!’“.

Рада долго време го криеше љубовниот статус по раскинувањето со Момир Гајиќ, а сега за љубовта зборува со насмевка на лицето. Таа во еден салон за венчаници испробуваше фустани за овој важен ден во нејзиниот живот.

„Ако нема љубов, не ти помага ниту еден документ, ништо на овој свет, но ако ја има, не гледам зошто тоа не би го знаеле сите“, вели Рада, додавајќи дека е исполнета.

„Среќна сум. Јас сум навистина среќна и многу ми е убаво, не би сакала да се смени тоа, па кој ме разбира – ќе сфати што сакам да кажам“, рече пејачката во позната ТВ-емисија.

Поврзани вести

Back to top button