Македонија

Шумски полицаец “станал експерт” за крадење цркви

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (32) од Охрид, шумски полицаец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела- 10 тешки кражби, од кои две во обид. Во периодот од 13.03. до 26.06.2016 година, пријавениот со употреба на подесен алат и физичка сила извршил тешки кражби во цркви лоцирани во селата Косел, Лескоец и Старо Лескоец, од каде одзел пари во вкупна вредност од 9.000 денари, додека во две цркви не успеал да влезе внатре и не одзел ништо.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П. (26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на јуни 2016 година, пријавениот од непознати лица набавил поголема количина на марихуана и амфетамин, ги препакувал во помали паковки со намера улично да ги продава на уживатели од Скопје. При извршен личен преглед кај пријавениот се пронајдени едно полиетиленско пакување марихуана со вкупна нето маса од 2,87 грама и една зипер кесичка со две грутки од психотропна супстанца – амфетамин со вкупна нето маса од 8,43 грама. Додека, кај неговиот брат е пронајдена едно полиетиленско пакување марихуана со вкупна нето маса од 0,22 грама. Исто така, при извршен претрес во домот и другите простории на В.П. пронајдени и одземени се 123,43 грама марихуана, спакувана во две полиетиленски кеси и една дигитална вага на која има остатоци од марихуана и амфетамин. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.

РЦ за ГР Исток поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 22.07.2016 година, на ГП „Деве Баир“ пријавениот приложил документи за патничкото возило кое го управувал, при што било констатирано VIN бројот не е оригинален.

Поврзани вести

Back to top button