Еден маж денес пукаше во центарот на Москва, во близина на зградата на Федералната служба за безбедност (ФСБ), јавува Раша тудеј.
Според неофицијални информации, убиени се најмалку тројца службеници.
На снимките кои се објавени на социјалните мрежи се гледаат припадници на силите на редот, а во позадина се слуша пукање.