БизнисИзбор на уредникотСвет

Над 90 илјади гастербајтери се вратиле во Србија

поред најновите податоци во Србија, изминатиот период се евидентирани над 90.000 повратници од странство. Српскиот медиум „Блиц“ ги истражи причините за враќањето во Србија и што го поттикна овој, на прв поглед, изненадувачки тренд.

Истражувањето спроведено од Програмата за развој на ОН вели дека од октомври 2020 до октомври 2021 година во Србија се вратиле 92.300 граѓани, од кои повеќето се високообразовани.

До тие информации дошле на специфичен начин. Имено, меѓународен тим од Харвард разви методологија која го мери движењето на Србите во дијаспората користејќи податоци од Фејсбук. Ги следеле луѓето кои се родени во Србија и кои престојувале во странство најмалку шест недели, по што дошле до податоци дека од октомври 2020 до октомври 2021 година Србија има 92.000 луѓе помалку во дијаспората, што доведе до заклучок дека тој број луѓе се вратиле во земјата.

Според истото истражување, меѓу повратниците се застапени најразновидни профили – од ИТ секторот, преку општествените науки, а има и луѓе од уметноста и архитекти. Повеќето повратници се на возраст меѓу 24 и 29 години, повеќе од 40.000.

Поврзани вести

Back to top button