Над 2,6 тони кокаин се најдени во банани, се спомнува и балканскиот картел (ВИДЕО)
Колумбиската полиција спровела две акции против шверц на дрога во пристаништето Санта Марта во кои се запленети 2.600 килограми чист кокаин. Можно е дрогата да била наменета за балкански картел, пренесува РТС.
Според полициски извори, првата заплена била извршена при проверка на товарни контејнери лоцирани во пристаништето Санта Марта.
На лице место бил прегледан контејнер за кој што било пријавено дека е товар со банани кој требало да биде пренесен во Холандија.
Меѓутоа, утврдено е дека товарот содржи кокаин тежок 2.397 килограми.
Втората операција е извршена во пристаништето преку проверка на товар со банани, кој како крајна дестинација го имал пристаништето Антверпен во Белгија. Во таа акција запленети се 196 килограми кокаин.
Не е исклучено кокаинот да бил наменет за дилери на дрога од таканаречениот балкански картел.
El general Willian René Salamanca @DirectorPolicia @PoliciaColombia confirmó la incautación de 2.600 kilos de cocaína pura en el Puerto de Santa Marta rumbo a Bélgica y Holanda. Los detalles vía: @ELTIEMPO pic.twitter.com/nHbOsiZzAx
— Justicia EL TIEMPO (@JusticiaET) January 20, 2024