Избор на уредникотМакедонија

На самохрана млада мајка со едногодишно дете и е потребна нашата помош

Со оваа судбина живее Венера и нејзината едногодишна ќерка Нина. По опожарениот стан во Ѓорче Петров, стасаа да живеат во Куманово. Овој Божиќ за неа е најтешкиот во животот, почина нејзината мајка во пожар, а станот што изгоре во пожарот сè уште стои со спомените на загубата и мирисот на чад. Таа не работи, ниту пак има пари да го реновира домот.

„На нас не ни треба нешто многу, само да има каде да се легне, да се јаде. Ни треба помош за сместување, зашто сега сме кај роднини… кај сестра ми не можевме повеќе, оти има деца. Не можевме кај нејзе и сега сме во Куманово“, вели Венера Анѓелковиќ за Канал 5.

„Добредојдена е секаква помош. Моментално гледате не може тука да се живее. Со дете мало сме, немаме каде да одиме. Било каква помош за нас, ќе значи многу“, вели Венера.

На 7 јануари годинава изгоре станот каде што живееше тричленото семејство, животот го изгуби нејзината мајка. Таа се задушила од чадот и не успеала да се спаси од гушењето и изгорениците по нејзиното тело.

Извор/фото/видео: Канал 5

Поврзани вести

Back to top button