На некои им засметале Јане и Игор во учебниците на албански јазик, Шаќири ги смири: Има Арбен и Шкроњ во македонските
Некои родители на деца кои учат на албански јазик во Македонија, по дистрибуцијата на новите учебници, се побуниле што во текстовите, задачите и примерите во учебниците на албански јазик биле користени македонски имиња, како Иван, Игор, Јованка и слично. Министерот за образование Јетон Шаќири, на ваквите реакции одговори дека и во учебниците на македонски јазик има примери со албански имиња, но и имиња од други националности.
– Како што се Иван и Игор во учебниците на албанскиот јазик, така и Арбен, Илза, Шкроњ се во текстовите на македонскиот јазик. Можете и сами да проверите по математика, јас самиот сум проверил кога се покрена како прашање. Сам ги проверив сите е-книги, има преку 10 страници кои ги најдов. Апелирам и до вас, да видите дека во македонските учебници се земаат ученици Албанци за пример, да беше само Иван во албанските учебници, а Газменд да го немаше, дефинитивно ќе барав поправка, но тоа е ново прашање на подготовка на учебниците, има и имиња од турска националност и други кои се земени како примери, рече Шаќири, а пренесе ТВ21.
Според Шаќири, ова е концептот на образование во Македонија.