На Крим откриен гроб на „дете-вонземјанин“
Во источниот дел на Крим археолозите открија гроб на дете од II век на нашата ера. Ова беше објавено на веб-страницата на фондацијата „Археологија“.
Учесниците во експедицијата го нарекоа местото „гробот на вонземјанинот“. Откритието се случи на античките гробишта Киз-Аул. Како што истакнуваат археолозите, необичноста на погребувањето се состои во тоа што „кај погребениот според варварската традиција силно е деформиран черепот“.
Веднаш до скелетот е пронајден „придружен материјал“: глинен сад до неговата глава, ситни мала монистра, стакло и бакарна белегзија на десната рака. Детето лежело со главата кон исток.
Според антропологот, тоа било момче, кога починало немало повеќе од 1,5 години. Експертите велат дека главата била деформирана речиси веднаш по раѓањето.
Археолозите истакнуваат дека деформација на черепите најчесто се среќава кај Сарматите, особено подоцнежните, и претставува еден од знаците за нивна идентификација. Првите откритија на вештачки деформирани черепи се направени во 1826 година во некрополите на Кимерискиот Босфор, на подрачјето на Керч. Кранијалната деформација, веројатно, била неопходна за да се означува припадноста на група или за покажување на социјалниот статус.
„Се разбира, за привразниците на палеоконтактот таквите видови череп претставуваат непобитен доказ за контакт со вонземјани“, истакнуваат научниците.
Според истражувачите, честата деформација на черепот доведувала до промена во карактерот на човекот, вклучувајќи и зголемена агресивност. Сарматите, на кои археолозите сметаат дека им припаѓа детето, биле многу воинствен народ, пишува „Рамблер“.