Свет

На Кипар уапсен Израелец обвинет за трговија со органи на Косово

Израелскиот државјанин Моше Харел, обвинет дека е вмешан во скандал врзан за трговија со човечки органи на Косово пред десет години, е уапсен на Кипар. Приштинските власти побарале да биде испорачан на Косово за да може да му се суди.

Се наведува дека Харел е обвинет дека барал луѓе на кои им е потребна трансплатација на бубрег и дека ги наведувал во Косово за да им најде донатори на тие органи. За донаторите ветувал исплата од 12.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button