Избор на уредникотМакедонија

На факултетите се запишуваат студенти кои не знаат да пишуваат

Идните академски граѓани не ги знаат сите букви од азбуката, на факултетите се запишуваат студенти кое се недонаучени и не знаат да пишуваат, велат Универзитетсите професори. Учениците не теба да се оптоваруваат со учење безброј факти коишто никогаш нема да ги запаметат, а професорите треба да бидат знчаен дел во општеството, а не маргинализирани како што се сега, посочува професорот Људмил Спасов.

„Добиваме студенти кои не ги знаат сите букви од азбуката и кои се чудат на табла и кога ќе пишуваат некој текст. Ова не се однесува само на македонскиот, туку и за албанскиот или друг јазик. Не знаат текст да напишат си сите букви.“ – вели Људмил Спасов, универзитетски професор.

Причината пак за ваквиот неуспех во основното и средното образование, просветните работници ја лоцираат кај учениците, потенцираат дека се додека учениците учат за да добијат оценка, а не знаење ќе имаме неписмена младина. Проблемот е комплексен, вели директорката на основното училиште Владо Тасевски и посочува дека треба да се смени уписната политика во средното образование.

„Знаат учениците на крај дека со било какви притисоци ќе попуштиме, ќе ставиме оценки, за да не му стоиме на пат на детето да се запише, ама ги наградуваме со оценки за незнаење.“ – вели тон Елка Даскалова, директор на ООУ Владо Тасевски.

Професорот Људмил Спасов посочува дека е потребно да се направат нови програми кои ќе бидат прилагодени со новото време и условите во кои живееме, но и да се обрне внимание на правилно и креативното пишување. За професорите податоците од Нацрт- извештајот кои говорат дека повеќе од половината од учениците се неписмени е поразителен, тие сметаат дека под итно треба да се презеамт системски мерки во образовниот ситем.

ВИДЕО НА 24.mk

Поврзани вести

Back to top button