Живот

На денешен ден низ историјата , 6–ти Јануари

6– ти Јануари

 

Освен што во Православните држави денес е голем празник Бадник, еве и некои други настани што се случиле на денешен ден во текот на Светската историја.

1066 Харолд Годвинесон е крунисан како Крал Харолд Втори, крал на Англија
1392 Скопје падна под османлиска власт и стана седиште на санџакот (подрачје, управна единица на чело со санџак-бег, врховен воен и административен старешина). Скопскиот санџак беше прва организирана османлиска провинција на територијата на југословенските земји и база за навлегување кон север и запад.
1412 Родена е Јованка Орлеанка (Жан Д’ Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 до 1453 г.). На младата селанка, на која “гласовите од небото” и наредиja да ја спаси Франција, кралот Карло Седми и довери и водство на еден воен одред од 800 воини и таа во 1429 година го спаси градот Орлеан од англиските освојувачи. Подоцна падна во рацете на бургундијците (приврзаничка партија на англискиот крал) кои ја предадоа на Англичаните. Беше прогласена за вештерка и осудена од црковниот суд на смрт со запалување, што беше извршено во Раун, на 30 мај 1431 година.
1810 Со мировен договор во Константинопол поразеното Османлиско царство на Русија и ги предаде полуостровот Крим и областа Кубан.
1945 Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
1946 Основано е Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Меѓу основачите беа Василие Поповиќ Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски и Борко Лазески.
1918 Германија ја призна независноста на Финска
1919  Теодор Рузвелт , 26–ти американски претседател, умира на 60 години во својот дом во Њу Јорк
1983  Во Скопје умре д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Меѓу другото, најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на ИНИ. Роден е во селото Галичник, на 19 отомври 1924 година.
1987 Астрономите пронајдоа нова галаксија одалечена 12 милијарди години од Земјата.

Поврзани вести

Back to top button