Муслиманска двојка одбила да се ракува, Швајцарците одбија да им дадат државјанство
На муслимански брачен пар им било одбиено барањето за швајцарско државјанство откако одбиле да се ракуваат со лицата од спротивен пол за време на интервјуто, пренесуваат швајцарските медиуми.
Швајцарските власти нагласуваат дека муслиманскиот брачен пар со тоа одбиле да се интегрираат во швајцарското општество уште на самиот старт и да го испочитуваат спротивниот пол.
Мажот и жената кои што биле интервјуирани пред неколку месеци, не сакале да даваат одговори на лица спротивни од нивниот пол. Жената исклучиво зборувала само со жена и не се ракувала со мажот кој што ја интервјуирал, а истото се случило и со мажот.
Како што велат швајцарските власти, лицата кои што сакаат да добијат државјанство мора да бидат добро интегрирани во швајцарското општество и да покажат приврзаност кон Швајцарија, државните институции и да го почитуваат правниот поредок на државата.
Локални медиуми пренесуваат дека станува збор за брачен пар од северна Африка. За време на разговорот за државјанство, тие не биле прашани која е нивната вероисповед, иако било очигледно дека се муслимани, а швајцарските власти откриваат дека тие биле одбиени затоа што не ја почитувале рамнопраавноста на половите.
„Уставот и еднаквоста на жените и мажите преовладува над нетолеранцијата“, изјави Пјер Антоан Хилбранд, член на комисијата која што го интервјуирала парот.