Религија

МПЦ потврди: Иконата на Пресвета Богородица навистина мироточи

Иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата, Св. Ѓорги во Трубарево мироточи. Македонската православна црква, по направените анализи го поврди чудото што вчера утрото се случи во оваа црква, пишува Религија.мк.

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан, епископот Хераклејски, Климент, деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓоргевски и архимандритот Агатон, денеска се поколонија пред иконата на „Пресвета Богородица“, официјално потврдувајќи го нејзиното мироточење.

-Бог е оној кој чуда прави! Бог во секое време испраќа знаци до својот народ, па еве и сега овде на ова место забележуваме во овие денови на Великиот пост, денови на покајание, чудесно мироточење на иконата на Мајката Божја. Чудата на Бог и на Пресветата Богородица нека ни бидат за покајание и утврдување на верата, велат официјално од Македонската православна црква.

Иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево од вчера е место кое го посетуваат голем број верници од Скопје, Трубарево, но веќе доаѓаат и од други градови.

На ликот од иконата на „Пресвета Богородица“ веќе два дена се појавуваат капки налик на вода, или свето миро како што се нарекува во црквата.

Инаку ова не е прв пат вакво нешто да се случува и оваа појава на мироточење од икони е позната во православните цркви. Во МПЦ има регистрирано неколку такви случаи, но обично велат од Црквата за тоа не ја известуваат јавноста.

Повеќе фото на РЕЛИГИЈА.МК

Поврзани вести

Back to top button