Македонија

Мошти на Св.Василиј изложени во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица

Мошти на Свети Василиј се изложени во струмичката црква „Свети Кирил и Методиј“. Верниците можат да се поклонат пред моштите од синоќа по одржувањето на вечерната служба во црквата.

– Струмица е привилегирана што ги има дел од моштите на Свети Василиј, столбот на светото православие, велат свештениците од струмичката епархија на МПЦ-ОА.

mosti-sv-vasilij

На празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, денеска во сите храмови во Струмица, согласно светоотечкото предание, со благослов на Митрополит Струмички г.Наум, ќе бидат поделени лепчиња со паричка, а на тој што ќе му се падне паричката ќе добие благословен подарок од владиката Наум.

Поврзани вести

Back to top button