Момент кој ќе ви го скрши срцето: Бебе родено порано, за таткото кој умира да може да го земе во прегратка
“Тоа во основа е како белите дробови да му се натопени во бетон. Не можеше да диши, кислород не му минуваше низ телото. Практично беше задушен”, вели неговата сопруга Дијана за KCTV 5.
Марк и Дијана очекувале дете многу набрзо, па направиле план за порано породување во случај состојбата на Марк да се влоши.
Кога дознале дека Марк има само уште неколку дена живот, парот одлучил да ја дочека малата Савана порано од планираното.
“Тој беше првиот што ја држеше. Ја држеше 45 минути откако се роди , рекла сопругата Дијана. Само неколку дена откако Марк добил можност да го држи своето девојче, тој паднал во кома.
“Неговите отчукувања на срцето почнаа да опаѓаат, како и дишењето, го држев за раката додека не умре”, вели неговата вдовица.
Минале четири години откако Марк починал, но Дијана и нејзините деца живеат среќен живот во чест на нивниот покоен татко. “Децата живеат како татко им да е уште тука”, рекла таа. “Тој бил прекрасен татко на Савана”.