ЖивотИзбор на уредникот

Мобилните телефони сериозен фактор за аутизам кај деца

Психолозите и лекарите предупредуваат за појавување на аутизам кај децата од прекумерна употреба на технолошка опрема, претежно мобилни телефони. Аутизмот од раѓање, сега е ретка болест во споредба со аутизмот што се јавува после неколку години од раѓањето. Психологот Земријете Весели, која раководи со здружението „Имаго Плус“, во кое се третираат деца со аутизам и други психички ограничувања, вели дека веќе се подига свеста кај родителите за дијагностицирање и лекување во рана фаза на оваа појава.

„Во моментов лекуваме околу 95 деца, од кои 65 се под шестгодишна возраст, кои се приближно исти со симптоми на аутизам, но можам да кажам дека имаме 35 деца кои, иако имаат симптоми на аутизам, не се аутични туку доаѓаат поради причина што поминале долго време пред телевизор. Неодамна, почна подигање на свеста и за тоа имаме голем број на деца кои доаѓаат и бараат навремена помош. Приближно, децата доаѓаат од 18 месечна возраст, додека подоцнежната возраст е две и пол години до три години“, рече Земријете Весели, психолог НВО “Имаго Плус”.

Психолозите го критикуваат сегашниот систем на функционирање на дневните центри. Според нив, децата со посебни потреби повеќе се згрижени, отколку третирани, по што и по неколкугодишниот третман, тие сè уште имаат значајна развојна стагнација. Психолозите бараат законска промена.

„Досегашниот систем, е систем каде што се носат деца од 5 – 6 години, не е направена дијагноза претходно, не се направени проценки и категоризации на возраст под три и пол години или четири, ова е системот кој прави децата да го поминат времето без да бидат лекувани, време кое е премногу деликатно и многу неопходно за лекување за детето да се врати во нормален живот. Пет и пол години биле во дневните центри, каде што детето влегло и останало таму до полнолетството. Затоа дневните центри не беа функционални, но верувам дека од јануари ќе има нови реформи, нови реорганизации на дневните центри каде децата од мала возраст ќе бидат примени“, додава психологот Весели.

Во Македонија има 30 дневни центри кои повеќе имаат згрижувачка улога, отколку за лекување, за оваа категорија на деца. Голем број постоечки дневни центри немаат соодветен лекарски персонал на албански јазик, поради што тешко се лекуваат децата Албанци со овие болести.

Вјолца Алити за Алсат м

Поврзани вести

Back to top button