ЖивотИзбор на уредникот

Млади Балканци откриле „трик“ како да си ја зголемат платата за плус 400 евра во Германија

Минатата недела во мала градска сала во oпштината Ѓаково во Хрватска се одржани дури четири венчавки. За ова место, ретка појава која не се гледа толку често. Всушност, појава која не се памти со години. Млади парови се менуваа како на „Подвижна лента“.

Пред матичар од 18 часот, по ред излегувале млади парови од Ѓаково и околината кои моментално живеат во странство, најчесто во Германија и Ирска. Во својот роден крај дошле само за да се венчаат. Големата свадба со црковни обреди допрва треба да се случи. Кога тој датум ќе дојде, повторно ќе се вратат „дома“.

Тазе венчани млади парови откриле дека сега животот на самци во Германија е прилично скап и одлучиле формално да се венчаат за да си го олеснат животот во финансиска смисла. Некои парови се одлучуваат на брак и пред заминување.

„Ако заминете како пар, а не сте венчани, во Германија, влегувате во, како што велат тие, „прва група“, значи прв скап данок, а тоа е даночна единица во која многу ви одземаат од месечната плата бидејќи самците плаќаат најголем данок во Германија“, открила една жена од околината на Ѓаково чиј син , минатата година, како таа вели, имал токму таква „брзинска венчавка“, пишува “Гласот на Славонија“.

На брзинското венчавање присуствувале само родителите, невестата и младоженецот и кумовите.

„Со венчавката, станувајќи брачен пар, во Германија веднаш влегле во ниската, втора даночна група во која даночните давачки се значајно помали. Синот вели дека со тоа разликата на платата му е сигурно од 300 до 400 евра. Додава дека ако по некој случај како самец, невенчан, останал во првата група, платата би му била можеби 1 1000 евра, а вака е 1580 евра“, додава мајката.

Поврзани вести

Back to top button