Млад скопјанец изгубил пари на апарати, па се вратил со „калашников“ и го ограбил казиното
Обвинителството спроведе истражна постапка против 27-годишен скопјанец кој ограбил казино во Маџари, откако претходно изгубил пари играјќи на апарати во истото казино.
„На 30 јануари, во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, осомничениот со употреба на огнено оружје и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на двајца оштетени одзел 22.500 денари“, велат од Обвинителството.
„Откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, тој излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка. Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал 22.500 денари, по што осомничениот си заминал“, пишува во сооопштението од ЈО.
Обвинителството попладнево доставило предлог за определување притвор за осомничениот