Млад македонски фудбалер има потреба од наша помош: Да донираме за да може да замине на операција
Поранешниот фудбалер на Силекс, кој сега настапува во Кожуф, Ѓорѓе Џонов мора да биде опериран во Турција. 29-годишниот бек боледува од рак на белите дробови и потребен му е задолжителен медицински третман.
За овој зафат според најавите се потребни околу 100.000 евра, средства кои фудбалерот ги нема. Затоа, голем број фудбалски работници, играчи и клубови апелираат за помош и собирање средства за операцијата.
„На нашиот другар, пријател, фудбалски работник му претстои најважниот натпревар во животот, да ја победи болеста. За тоа, итно се потребни 100.000 евра за лекување и престој во Турција, сума која е недостижна за него. Затоа, да бидеме хумани, да помогнеме заедно во престојниот натпревар, кој значи живот“, стои во апелот.
Џонов мора што побргу да отпатува во Турција, каде ќе биде подлежен на операција, па активно се работи на собирање на средствата.
Телефон за донација
А1 143 460