Избор на уредникотМакедонијаТоп
Млад арачиновец ранет на свадба
Млад арачиновец синоќа завршил на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со прострелна рана. Тој бил ранет на семејна веселба.
– На 13.09.2023 во 21:23 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје било донесено машко лице. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за М.И.(31) од Арачиново, скопско, кој според првичните информации бил повреден на семејна веселба во скопско, информираат од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.