Избор на уредникотФото

Милионер вљубен во 20 години помлада девојка, сака да му роди дете, но таа вели: „Не, барем уште 10 години“ (ФОТО)

Џејсон Опенхајм можеби има богатство, но не и премногу среќа во љубовта. За тоа време, тој побожно гледа во својата нова девојка и очекува таа да му роди дете.

Џејсон Опенхајм (45) е мултимилионер кој своето богатство го стекнал како брокер за недвижнини. Летово почнал да се гледа со младата манекенка Мари-Лу Нурк (25), која е 20 години помлада од него.

Џејсон од август не се разделува од Мари-Лу и гордо ја покажува на своите пријатели. Сега решил да се пофали пред папарацо фотографите кои ги чекале во Западен Холивуд.

Двојката координирано се прошетала по улиците, а вниманието на сите го привлекла очигледната разлика во висината меѓу Нурк и богаташот.

Меѓутоа, на Џејсон тоа воопшто не му пречи, додека во својата нова девојка гледа „како во Бога“.

Тие првпат биле видени во август кога биле фотографирани како страсно се бакнуваат додека биле на грчкиот остров Миконос.

Минатиот месец дури се шпекулираше дека Мари-Лу е бремена, бидејќи во една прилика Џејсон ѝ го бакнувал стомакот. Меѓутоа, тие ги демантираа гласините.

„Во моментов повеќе сакам да бидам сопруг, отколку татко. Ми се допаѓа идејата што врската со Мари-Лу не создава никаков притисок. Таа е млада и животот е пред нас“, рекол тој.

Сепак, познато е дека тој ја прекинал претходната врска за да најде девојка која би му родила дете.

Манекенката сепак рекла дека засега не размислува за деца и дека ништо нема да се промени на тоа поле – уште најмалку 10 години.

Поврзани вести

Back to top button