Избор на уредникотСвет

Мигрант во Италија со камен удрил полицајка по глава, а потоа ја силувал

Синоќа во Неапол е уапсен државјанин на Бангладеш и обвинет дека прво со камен удрил млада полицајка по главата, а потоа ја силувал.

Нападот се случил нешто по полноќ кога полицајката ја завршувала смената и се упатила кон својот автомобил.

23-годишниот мигрант ја изненадил полицајката одзади и тешко ја повредил. По нападот, службеничката побарала помош од минувачите и подоцна била пренесена во болницата Кардарели, а полицијата веднаш почнала да трага по осомничениот, пишува Наполитодеј.

Граѓанинот на Бангладеш е обвинет за обид за убиство и сексуален напад.

Поврзани вести

Back to top button