Свет

Мигрант намамил жена во Германија: Мислела дека ја сака, а тој ја претворил во сексуална робинка

39-годишна Британка која во Италија била сексуална робинка и која била силувана од тројца мажи неколку пати, успеала да побегне од заробеништво откако се јавила на своето семејство да и помогне.

Британката на југозападот на Италија во местото Розарно била заробена од 37-годишниот Мамаду Џалоу, мигрант од Буркина Фасо, кого жената го запознала преку Фејсбук и со кој допатувала во италијанското место.

Но, кога пристигнала таму, Џалоу ја затворил, и го одземал мобилниот телефон, па ја силувал неколку пати. Полицијата вели дека во злоставувањето на мажот му се приклучиле и двајца мажи од Мали.

Заробената жена успеала да побегне дури кога успеала од својот мобилен телефон да се јави на семејството. Британката со помош на полицијата успеала да побегне низ прозорот на куќата каде била заробена.

Според нејзините зборови, планот бил заедно со Џалоу да живее во Германија, но морале да заминат кога тој наводно во расправија за дрога, со нож избодел конкурент. Во тој момент одлучиле да одат во Италија.

Меѓутоа, кога пристигнале во Италија, тој на Британката и ги земал сите пари и ја затвор во соба во изолирана куќа.

Џалоу кратко после тоа бил уапсен и обвинет за киднапирање, заробување, кражба и сексуално насилство. Двете лица од Мали, кои наводно заедно со Џалоу ја силувале Британката, се уапсени. Жената моментално се опоравува во болница.

Поврзани вести

Back to top button