Метеоролог открива: Ова е причината за смртта на Ивана и Анџела!

Објавено: среда, 27 јули 2016 во 14:43
Spread the love

Метеорологот Часлав Станојевиќ вели дека треба да се покрене полициска истрага како можело да се случи на улица во град да загинат две девојчиња од удар на гром и дали спортската сала, каде што се случило, имала исправен громобран.

– Ако на зградата, во чија близина се случила несреќата, имала прописни и исправни громобрани тоа не би се случило. Несреќата би била поголема ако во ист момент од салата излегле повеќе луѓе и громот да удрил во нив, смета Станојевиќ, кој работел на неколку вештачења од удари на гром.

Тој додава дека поради тоа треба да се спроведе полициска истрага против Н.Н. лица, затоа што, како што вели, недозволиво е во град од гром да страдаат луѓе.

Тој советува во случај на грмење луѓето во себе да не држат метални предмети или вклучени апарати како што се мобилни телефони, радио апарати, потоа да не стојат под дрва или доколку се наоѓаат во автомобил да се затворат прозорите.

Петнаесетгодишната А.Б. и нејзината другарка И.И. настрадале пред два дена од удар на гром во Алексовац во близина на спортската сала.