Мета: Албанија не е ѓаволска, туку демократска земја
Албанија не е ѓаволска, туку демократска земја, која страдаше од невидена ѓаволска диктатура, па затоа човековите права за неа се светост.
Вака,албанскиот претседател Илир Мета ја искоментира изјавата на иранскиот духовен водач Али Хамнеи, кој Албанија ја прогласи за непријател, додавајќи дека таа е како „ѓаволска земја која ги подржува нивните противници“.
Порача дека за две децении, Албанија останува цврсто посветена да ги поддржува Соединетите Американски Држави и земјите од НАТО во борбата против меѓународниот тероризам и каков било чин што ја загрозува стабилноста и мирот во светот.
Претседателот Мета го нарече „провокација со опасни последици за стабилноста во регионот“ иранскиот ракетен напад врз двете американски бази во Ирак.
„Ракетите испукани од Иран кон две ирачки воени бази, во кои се сместени американски воени сили и персонал на коалицијата, се провокативен потег со опасни последици за регионот и нејзината стабилност. Иран мора да ги почитува меѓународните договори, меѓународните закони и неговите обврски во интерес на мирот,смета албанскиот претседател Илир Мета.