СветТоп

Менкиновски: „Косовскиот пример им дава легитимитет на референдумите во украинските области за приклучување кон Русија!“

„Кој прв ја прекрши Повелбата на Обединетите нации?! Дали меѓународното право стана заложник на меѓународната политика?“ – овие прашања се поставуваат во анализата со наслов „Повелбата на Обединетите нации како боксерска вреќа“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

„Дали се обликуваат повторно меѓународното право и меѓународниот поредок?“

Покрај другото, во статијата пишува: „Едни меѓународноправни експерти тврдат дека меѓународното право и принципите на Обединетите нации, но и Виенската конвенција за дипломатски односи, беа прекршени и нарушени многу пред создавањето на косовската држава, и тоа од страна на големите сили со низа примери на интервенции и покрај ООН, на Блискиот, односно на Средниот Исток.“

„Експертите сега се судираат во своите аргументи, цитирајќи ја Повелбата на Обединетите нации во врска со референдумот во Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје дека ‘референдумот е во согласност, односно, оти не е во согласност со меѓународното право и дека има тешки прекршувања’ Светската јавност е ‘бомбардирана’ со информации, со аргументи и контрааргументи, кој ги испочитувал, а кој ги прекршил меѓународниот поредок и меѓународното јавно право.“

„Адвокатот Менкиноски вели дека, ако референдумите поминат позитивно во Донбас и во другите украински области, тогаш тие ќе станат дел од Руската Федерација. ‘Суверенитетот им припаѓа на граѓаните. Тие имаат право да излезат на референдум. Можат да одлучат да влезат во сојуз со Русија, бидејќи косовскиот пример им дава легитимитет.’ – нагласува Менкиновски.“

„Душан Јаневски, претставник на Светскиот македонски конгрес во Србија, вели: ‘Ние, во Светскиот македонски конгрес, во 2016 година со резолуција повикавме на почитување на меѓународното право и на резолуцијата 1244 на Обединетите нации. Но, земјите од Европа ги поставија позициите на силата над позициите на меѓународното право. Со уцени и притисоци ја присилија и Македонија да го признае Косово за држава.“

Поврзани вести

Back to top button