Свет

Маж пронајден избоден во ров, телото на жената исчезнато – Ги убил Косовар

Али Кажимај, мигрант со потекло од Косово, го убил брачниот пар Питер и Силвија Стјуарт од Вајбред во близина на Сафолк.

Брачниот пар последен пат бил виден на 29. мај минатата година во продавница за храна. Ден подоцна, од сметката на Силвија Стрјуарт биле извадени 300 фунти.

Кажимај, кој во Британија добил азил, по двојното убиство кое се случило помеѓу 29. мај и 3. јуни, побегнал од земјата. Во текот на судењето било кажано дека Албанецот бил во големи коцкарски долгови, и дека веројатно го убил брачниот пар за да се обиде да дојде до пари, бидејќи слушнал дека се милионери.

Лешот на Питер Стјуарт бил пронајден во близина на нивната куќа во Вајбред, а телото на неговата сопруга не е пронајдено. Обвинителот Карим Калил во текот на судењето изјавил дека постојат цврсти форензички докази против осомничениот.

“Сите докази укажуваат на тоа дека Али Кажимај ги убил господин и госпоѓа Стјуарт”, рекол Калил.

Потрагата по брачниот пар започнала во мај минатата година, откако не се појавиле на часовите по танц кои ги држеле.

Полицијата на трети јуни го пронашла телото на Питер, покриено со церада во ров полн со вода, со неколку убодни рани. Како што било кажано на суд, Кажимај е познат како човек кој дневно троши околу 1.000 фунти на апарати за коцкање.

Од надзорните камери се видело дека Албанецот, неколку недели пред исчезнувањето на Стјуарт, бил во близина на нивната куќа. Кажимај бил уапсен во бегалски центар во Луксембург, и потоа предаден во Велика Британија. Пред напуштањето на Британија брзал да го продаде станот во кој живеел.

Кажимај во Британија пристигнал во 1999. година. Му бил одобрен азил, а во 2005. година добил и британско државјанство. Како што било кажано на суд, Албанецот повремено го користел името Марко Коста, а сега, наводно, тврди дека неговото име е Витал Дапи. Кажимај демантира дека го убил брачниот пар.

Поврзани вести

Back to top button