ЖивотИзбор на уредникот

Маж од Уганда има 12 жени, 102 деца и 578 внуци, на некои сопруги им ги заборавил имињата (ВИДЕО)

Маж од Уганда се бори за опстанок на своето големо семејство, кое, како што вели, брои 12 сопруги, 102 деца и 578 внуци.

– На почетокот тоа беше се беше како шега, но сега ова има свои тешкотии, изјави 68-годишниот Хасахја за „АФП“ на неговата фарма во селото Бугиса во областа Буталеја, оддалечена област во источна Уганда.

– Животот ми е уништен и имам само два декари земја, а толку големо семејство, две сопруги заминаа затоа што не можев да си дозволам основни работи како храна, образование, облека, вели Хасаја кој е моментално е невработен, но стана еден вид туристичка атракција во неговото село. Тој вели дека неговите сопруги сега користат апчиња за контрацепција за да го спречат понатамошното проширување на семејството.

– Не очекувам да имам повеќе деца затоа што бев неодговорен, толку многу деца за кои не можам да се грижам, рекол среќниот татко.

Неговите поптомци претежно живеат во трошна куќа, чијшто железен покрив е изгорен или во дваесетина куќи од кал покриени со трева во близина. За прв пат се оженил во 1972 година на традиционална церемонија на околу 17 години, а една година подоцна се роди неговото прво дете Сандра.

– Роднините и пријателите ме советуваа да се оженам со многу жени, бидејќи имам само еден брат, за да имаме многу деца и да го прошириме семејството, вели Хасаја.

Детските бракови беа забранети во Уганда дури во 1995 година, додека полигамијата е дозволена.

Неговите 102 деца се на возраст од 10 до 50 години, додека најмладата сопруга има околу 35 години.

– Можам да се сетам само на имињата на моите прво и последно родени деца, вели тој додека пребаруваше низ купишта стари тетратки барајќи детали за нивното раѓање.

Хасахја не може да се сети ниту на имињата на некои од неговите сопруги и мора да се консултира со еден од неговите синови, Шабан Магин, 30-годишен наставник во основно училиште кој помага во водењето на семејниот бизнис и е еден од ретките кои добиле образование. За да ги решат семејните проблеми, Хасахја вели дека имаат месечни семејни состаноци.

Локален функционер кој го надгледува Бугису, село со околу 4.000 жители, рече дека и покрај проблемите, Хасахја „добро ги воспитувал своите деца“ и дека на пример немало инциденти на кражби или тепачки.

Жителите на Бугиса се претежно селани кои се занимаваат со мало земјоделство или со сточарство.

Многу членови на семејството на Хасахја се обидуваат да заработат пари или храна работејќи кај своите соседи или ги поминуваат деновите носејќи дрва и вода, често пешачејќи на долги растојанија.

Кога е готов пладневниот оброк, Хасахја излегува од колибата во која го поминува поголемиот дел од денот и со заповеднички глас го повикува семејството да се редат за јадење.

– Но, има едвај доволно храна. Ги храниме децата еднаш или двапати ако е добар ден, вели третата сопруга на Хасахја, Забина. Рекла дека не би се согласила да се омажи за него доколку знаела дека има други жени.

Дури кога дојдов видов и се помирив со мојата судбина, вели таа.

Две од неговите сопруги веќе го напуштиле, а уште три сега живеат во друг град на околу два километри (1,2 милји) поради пренатрупаноста на имотот. На прашањето зошто повеќе жени не го напуштаат, Хасахја изјавил: „Сите ме сакаат, се гледа дека се среќни!“

Поврзани вести

Back to top button