Избор на уредникотСвет

Маж ја нападнал полицијата во Франција, извикувал „Алаху акбар“

Маж вооружен со нож и железна шипка бил застрелан и ранет од две француски полицајки, откако ги нападнал извикувајќи „Алаху акбар“. Како што пренесува француски „Фигаро“, тој ги нападнал полицајките во општината Оранж, во францускиот департман Воклуз, по што тие употребиле електрошокери и пиштоли во самоодбрана.

Се наведува дека напаѓачот бил застрелан со пет куршуми и потоа бил пренесен во болница во Авињон, каде неговата состојба е критична.

– И покрај предупредувањата, напаѓачот со агресивна одлучност се упатил кон полицајките и тие биле принудени да отворат оган врз него, се вели во соопштението на жандармеријата.

Се додава дека полицајките со полесни повреди се пренесени во болница.

Во соопштението се наведува и дека истрагата е во тек

Поврзани вести

Back to top button