Мистерии

Масон уште пред 150 години ги предвидел двете светски војни и борбата со исламистите (ВИДЕО)

Алберт Пајк, американски офицер, масон и еден од водачите на озогласениот Кју Клус Клан, писмото го напишал на 15. август 1871. година. Во него опишал како и зошто во 20. век ќе дојде до дури две светски војни, пренесува The Sun.

Пајк предвидел дека Првата светска војна ќе го заврши владеењето на царевите во Русија, па таа држава ќе стане „тврдина на комунизмот“. Втората светска војна, најавил тој, ќе го уништи нацизмот и комунизмот ќе ги превземе „слабите влади“ и ќе ја ослаби религијата. Исто така предвидел дека суверената држава Израел ќе биде „насадена во Палестина„.

Понатаму, пишува дека третата, конечна битка, ќе се води протим исламските воени водачи, и дека тој конфликт „во целост ќе не исцрпи – физички, морално, економски и духовно“. Пајк предвидел дека христијанството ќе биде уништено и дека ќе биде воспоставена нова светска влада.

Некои скептици писмото го прогласиле за измама, со тврдења дека нема докази дека е автентично. Други, пак, тврдат дека тоа било изложено во Британската музејска библиотека, и дека е отстрането во седумдесетите години на минатиот век од кога му се губи трагата.

Поврзани вести

Back to top button