Избор на уредникотМакедонија

Малолетници се тепале во автобус во скопски Бутел, еден од насилниците пред два месеци прободе момче со нож

Вчера околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр. 57, кој сообраќал на релација Радишани – Бутел, на ул.„Александар Урдаревски“, поради меѓусебно нетрпение, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три малолетници од 15 до 16 години, од една страна, и пет малолетници од 13 до 16 години, од друга страна, сите од Скопје.

„Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 и член 34 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, информираат од МВР.

Курир дознава дека еден од учесниците во тепачката е и насилникот кој во декември минатата година избоде момче со нож во скопкската населба Бутел.

Поврзани вести

Back to top button