Свет

Макрон до Путин: Ние сме нуклеарна сила, подготвени сме

Францускиот претседател Емануел Макрон одговори на нуклеарните закани на рускиот претседател Владимир Путин во синоќешното интервју за француската телевизија.

Францускиот претседател Емануел Макрон, одговарајќи на новите закани на рускиот лидер Владимир Путин за подготвеноста на Русија за нуклеарна војна, изјави дека Франција е „нуклеарна сила“.

„Прво и основно, ние мора да се чувствуваме заштитени, бидејќи сме нуклеарна сила. Ние сме подготвени и имаме доктрина да користиме нуклеарно оружје“, рече Макрон во интервју за телевизиските канали ТФ1 и Франц 2, додавајќи дека „не е соодветно да се упатуват такви закани за земја која има нуклеарно оружје“.

Тој рече дека кога станува збор за нуклеарното оружје, нема потреба од фалење и додаде:

„Тоа ни ја наметнува одговорноста никогаш да не ескалираме“.

Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин неодамна го предупреди Западот дека Русија е „технички подготвена за нуклеарна војна“ и дека ако САД испратат копнени сили во Украина, тоа ќе се смета за значајна ескалација на војната.

Поврзани вести

Back to top button